Thursday, November 10, 2016

Стресот лошо влијае на кожата

Стресот не влијае добро на нашето здравје, а ако сте под хроничен стрес наскоро може да очекувате и негативни последици на вашата кожа. Стресот доведува до изиритирана кожа која чеша затоа што заштитниот слој на кожата слабее и се зголемуваат шансите за воспаленија. Притоа се создаваат повеќе акни. Телото лачи повеќе маснотии, а токму тоа доведува до настанување на акните.
Опасност од рак на кожата е уште една нус појава од стресот. Според истражувањата, ракот на кожата се појавува кај личности кои биле под стрес или имале трауми во животот.
Дерматитисот се појавува кај оние кои се под стрес, а често се појавуваат воспаленија и други проблеми со кожата.
И конечно, сушење на кожата – кај некои луѓе се зголемува лачењето на маснотиите, а кај други лојните жлезди лачат помалку кога се под стрес.

Знаете ли дека наутро сте сантиметар повисоки

Дека човечкото тело е полно со неверојатни способности за кои малку знаеме, зборуваат следните триесет и седум шокантни факти. Дознајте што се сокрива човековото тело и колкава сила имаат одредени органи.
Срцето е големо отприлика колку вашата дланка кога ќе ја стегнете во тупаница.
Телото на дете има 300 , а телото на возрасен човек има 206 коски.
Коските кај децата побрзо се развиваат во пролет.
Јазикот има 16 посебни мускули.
Мускулите произведуваат топлина потребна за одржување на телесната температура.
Човечкото тело има вкупно 96.000 километри крвни садови.
Најмалите мускули на човечкото тело се наоѓаат во увото.
Силата која срцето ја произведува со работа во еден ден би била доволна за придвижување на автомобил со брзина од 32 км/час.
Стиснете тениска топка со сета сила. Тоа е отприлика силата која вашето срце ја употребува за пумпанје на крв секогаш кога крвта поминува низ него.
Најголемата клетка во телото е женската јајце клетка, а најмалата машкиот сперматозоид.
Ноктот на средниот прст расте побрзо од останатите нокти.
До 70 години од животот вдишуваме најмалку 600 милиони пати.
На главата човекот просечно има 100.000 влакна коса.
Девојчињата растат побрзо од машките деца.
Бубрезите ја чистат крвта на целото тело секои 5 минути.
Невозможно е да кивнете со отворени очи.
Киселината која се наоѓа во желудникот доволно е јака да разложи цинк, но неможе да го уништи самиот желудник бидејќи тој постојано се обновува.
Жеското срце чука побрзо од машкото.
Жените се раѓаат со подобро сетило за мирис од мажите, и така останува до крајот на животот.
Мажите побрзо го топат масното ткиво.
Во текот на животот човекот просечно произведува доволно плунка да наполни два базени.
Бебињата секогаш се раѓаат со плави очи. Меланинот во нивните очи во време на нивното раѓање сеуште се нема доволно собрано. Бојата на очите се менува во текот на првата година од животот.
Откако ќе се најадеме, послабо слушаме.
Ако плунката не се помеша со храна, нема да можете да ја изедете храната (пробајте да јадете кога ви е сув јазикот).
До 60 година поголем број од луѓето губат половина од рецепторите за вкус на непцата.
После раѓањето големината на очите останува иста, за разлика од носот и ушите кои никогаш не престануваат да растат.
Наутро сме околу сантиметар повисоки од навечер.
Најсилниот мускул на човечкото тело е јазикот.
Најсилна коска во човечкото тело е вилицата.
Рацете и нозете содржат скоро половина од сите коски во телото.
Околу 32 милиони бактерии се наоѓаат на кожата, но тие воглавно се безопасни, а некои од нив се и корисни.
Секоја минута во човечкото тело умираат околу 300 милиони клетки, а секојдневно се создаваат нови 300 билиони.
Спиењето во ладна просторија ги намалува шансите за ноќен кошмар.
Луѓето се единствените суштества кои испуштаат солзи поради емоции.
Кога се раѓаат сите бебиња се далтонисти, па одредено време светот го гледаат во црно – бел.
Човечката нога има дури 500 илјади жлезди кои лачат пот, а можат да излачат и до пола литар пот на ден.
Мускулите на очите се придвижуваат отприлика 100.000 пати во еден ден. Токлу движења да направите со мускулите на ногата, ќе мора да поминете 80 км.

votrend: Знаете ли дека

votrend: Знаете ли дека: Знаете ли дека вашето тело има вграден часовник? Тоа значи дека секој орган од нашето тело има распоред според кој се обновува секој ден. ...

Знаете ли дека

Знаете ли дека вашето тело има вграден часовник? Тоа значи дека секој орган од нашето тело има распоред според кој се обновува секој ден.
Доколку сте почувствувале дека во одреден период од денот се чувствувате чудно или имате главоболка, тоа е така бидејќи тогаш вашет тело се регенерира поради одредени оштетувања, а чудното чувство се јавува како последица на пренасочување на енергијата во телото, онаму каде се прави санација или обновување.